Претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, на својот Фејсбук профил објави видео во кое ги адресира проблемите со кои се соочуваат жителите на Стар Аеродром.
Како што тој вели, во Аеродром постои широка коалиција на градоначалникот Златко Марин со урбаната мафија, згради се градат на секој чекор, се узурпираат улици а сето тоа им смета на граѓаните на Општина Аеродром.