Скопје 27. јануари 2021. / 09:20

(ВИДЕО) Нелоски: СДСМ ветија дека кејот нема да биде автопат, а го прават токму тоа

(ВИДЕО) Нелоски: СДСМ ветија дека кејот нема да биде автопат, а го прават токму тоа

Утрово гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше гостин членот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски. Со него најмногу се зборуваше за локалните политики на територија на Град Скопје, но и за актуелната политичка ситуација во државата.

На оваа емисија се зборуваше околу рушењето на кејот на Вардар и градење на улица до зградата на Телеком. За ова редакцијата на Лидер објави уште пред неколку недели.

– Шест месеци пред избори ќе се руши кејот на Вардар. СДСМ ветуваа дека кејот нема да е автопат, а последниве години гледам дека кејот е и автопат, и паркинг за возила, рече Нелоски на неговото гостување на Радио Лидер.

Тој додава дека како за многу работи, така и за оваа СДСМ излажа. Со планот кој го има Шилегов и СДСМ планираат да ги срушат терасите на локалите.

– Во оваа пандемија и економска криза кога сите држави и градови се обидуваат да обезбедат повеќе простор на сите економски субјекти да работат, само кај нас рушат тераси, додаде Нелоски.