Скопје 14. март 2019. / 15:36

„Вечер“: Шилегов ја даде „Дрисла“ на криминалци

„Вечер“: Шилегов ја даде „Дрисла“ на криминалци

Не е веќе само страв и сомневање, туку сериозна индиција дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов овозможил влез на сомнителен конзорциум под покривот на германската фирма Шолц да добие концесија за работа со скопската депонија Дрисла зад кој договор за концесија се кријат луѓе од Хрватска со нивни партнери од Македонија кои се гонети за криминал – токму во врска со тендери и преработка на опасен отпад, откри Вечер.

Македонија и досега имала проблеми со опасен отпад увезуван без детална контрола, како на пример акумулатори, а отсега ќе го има покрај Скопје со ризик за околу 700.000 граѓани на перстолнината и околината.

Одлуката за концесијата ја донесува Петре Шилегов, и самиот оптоварен со коруптивни сканадали уште од деновите кога водеше комисија за јавни набавки во време на владата на СДСМ Црвенковски-Бучковски, па се до наглото збогатување и купување станбени простори токму кога СДСМ ги доби на располагање прислушкуваните разговори и почна со нивното објавување од 9. февруари 2015 година.

„Вечер“ пишува дека корумпирани партенери од Хрватска со компромитиран градоначалник на Скопје во бизнис кој се смета за рудник на нелегални пари преку ризична преработка на опасен отпад – е состав на кој треба да се отворат четири очи и да се гледа со страв од радиклано, опасно зголемување на загаденоста на Скопје и околината.

А скандалите за корупција на Шилегов, освен спомнатите, се бројни: Од скандалот за тендер со компанијата Брилијант, скандал со партиски вработувања, за крадење гранитни плочи користени за неговата викендичка во Маврово. серија скандали со јавните набавки и тендери за градот Скопје.

Накусо, биографијата на Шилегов и оние кои ја добиле концесијата за Дрсила е збир на скандали. Овојпат, нивните навики Скопје и околината освен со пари ќе треба да ги плаѓаат со здравје и со живот.

По седум години италијанската компанија ФЦЛ Амбиенте заминува од Дрисла без денар инвестиција, а нејзината работа ќе треба да ја продолжи германско-хрватско- македонски конзорциум.

Според информациите од Град Скопје, најдоцна до септември, со работа на депонијата треба да започне конзорциумот составен од германската „Шолц“, хрватската „Ц.И.О.С. доо“ и македонската „Сплендор мак“. Концесијата ќе биде на 35 години, а новите партнери на Градот ќе ги имаат истите обврски што ги имаше италијанската ФЦЛ Амбиенте, но не исполни ниту една од нив пишува порталот ирл.мк.

Дрштвото кое Шилегов сака набрзина да го внесе во Македонија е сомнително и по својот состав и по своите намери и истрија. Еден од сопствениците на компаниите кои го сочинуваат конзорицумот, Хрватот Петар Припуз бил уапсен за местење тендери и злосторничко здружување токму во бизнисот со отпад.

ХРВАТСКИОТ КРАЛ НА ОТПАД, АПСЕН ЗА НЕЗАКОНСКИ ТЕНДЕРИ

Хрватската компанија Ц.И.О.С. која е една од фирмите во конзорциумот кои ќе раководат со Дрисла е партнер со германската Шолц група. Нејзниот сопственик и претседател на управниот одбор Петар Припуз заедно со синот и ќерката Иван и Ива Припуз се сопственици на уште десетина компании чија главна дејност е поврзана со собирање и рециклирање на отпад, како и со производство на електрична енергија.

Човекот кој ќе треба да се справува со отпадот на депонијата Дрисла во Хрватска нема чисто досие и бил уапсен за местење тендер и злосторничко здружување, пишува порталот ирл.мк.

Во 2014 година, две години откако прв пат дале понуда за да работат со отпадот на Дрисла, Припуз бил уапсен под соммнение дека незаконски добил тендер од Градот Загреб. Во случајот обвинет бил и градоначаланикот на Загреб Милан Бандиќ, а сомневањето било дека една од компаниите на Припуз Центарот за рециклажа „Це-За- Р“ незаконски добила тендер во вредност од 500.000 евра од градот Загреб. Случајот што започнал од тендерот се проширил во сомневање за злосторничко здружување.

МАКЕДОНСКИ СПЛЕНДОР СО ХРВАТСКИ КАПИТАЛ

Последната компанија од конзорциумот Сплендор мак е регистрирана во 2007 година во Македонија. Компанијата е регистрирана со странски капитал, а сопственик е Жељко Перчиќ од Загреб. Главна дејност на фирмата е одвојување на посебно издвоени материјали, а во други дејности набројано е надворешна трговија со прехранбени и непрехранбени производи, посредување и застапување во прометот на стоки и услуги, застапување на странски фирми, реекспорт и други.

Иако во Македонија, Сплендор мак е регистрирана за рециклирање, истиот сопственик во Хрватска има регистрирано фирма Сплендор текстил која според нивната интернет страница изработува војнички и полициски униформи, како и хтз опрема.

Тимот на ИРЛ денеска се обиде да ја најде компанијата на адресата на која е регистрирана Кочо Рацин 14/3-14, но на таа локација ја најдовме адвокатската канцеларија на Слаѓана Цибрева.

Оттаму ни потврдија дека адвокатскиот тим бил регистрационен агент за компанијата, но не ни дадоа контакт од сопствениците на Сплендор и не упатија да ги бараме преку Централниот регистар.

Италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“ која во 2013 година ја доби концесијата за да управува со депонијата вети дека од Дрисла ќе направи модерна депонија. ќе постави нова постројка за согорување на медицински отпад, автоматизирана пералница за камионите, нова механизација за работа и голема административна зграда. А, откако се заврши со овие инвестиции на Дрисла да се произведува и електрична енергија.

Дел од најавената идеја за модернизацијата на Дрисла беше да се затвори половина од 35 хектари од депонијата со еден вид пластеници и така да се создадат услови органскиот отпад да испушта гас-метан кој подоцна ќе согорува и од топлинската енергија ќе се произведува електрична енергија.

Но ништо од она што е најавувано не е остварено во Дрисла, а согласно историјата на работење на новите конецсионери чија биографија е оптоварена токму со криминал заради местење вакви тендери – нема ни да се оствари.

Главното прашање е: зошто толку криминал, котрупција и местења тендери во бизнис со преработка на ѓубре и отпад кој, логично пресметано, не е доходовен согласно корупцијата која го следи?

Одговрото е: заработката е во незаконско прибирање и преработка на опасен хемиски и медицински отпад за кој се наплаќа во милиони долари од испорачателот затоа што во државите на ЕУ ваквиот отпад никој не сака да го зме кај себе бидејќи предизвикува екстремни загадувања и последици директно опсани по живот на состици иљади граѓани околу тие депонии. Затоа, се бараат сиромашни и корумпирани држави во кои опасниот хемиски и медицински отпад ќе се пренесе и преработува на ризик на тие држави нивните граѓани. Како во случајов – во Македонија која ден-денес нема прецизна евиденција за тоа кој и каков отпад внесува за преработка, а се работи за 750.000 тони отпад!

Еве пример за парите кои од тоа се заработуваат. Порталот maritime-connector.com објави скандал за испорака на 330 тони радиоактивен отпад од нуклеарниот инститит Винча крај Белград кој со години плови натоварен на танкер и никој не сака да го прими на преработка. Отпадот натоварен во 8.000 буриња прво бил извезен со вагони во Унгарија која потоа го транспортила до словенското пристаниште Копер за да биде натоварен во данскиот брод Пума и истоварен во руското пристаниште Мурманск.

Ниту Италија, ниту било кој друг не дозволил овој брод да се доближи до нивното копно, се до Мурманск каде е тајно истоварен. Тајната е откриена откако, по истоварот, во данксиот брод навлегла вода и за случајот се дознало во јавноста. Вредноста на превозот и преработката на овој отпад е – 25 милиони долари!

После ова, дали е исплатливо да се инвестира во Дрисла?! Особено при немање контрола и стручен механизам да се конролира што се увезува, каков што е случајот со Македонија. Кон овој профит и беззаконие додајте луѓе кои се гонети за криминал при тендери и преработка опасен отпад – и ете ја добитната комбинација за Шилегов и заразната бомба за Скопје.