Скопје 24. мај 2019. / 21:30

Утре протест во Гази Баба: Граѓаните не сакаат да им се шетаат наркомани!

Утре протест во Гази Баба: Граѓаните не сакаат да им се шетаат наркомани!

За утре во 12:00 часот, пред капијата на МЗТ во Гази Баба, закажан е граѓански протест на жителите на општината кои протестираат против отворање на центар за зависници во нивната општина.

-Заедно да кажеме СТОП за намерата на Владата, Центарот за зависници од Кисела Вода да го смести во кругот на фабриката во МЗТ во Општина Гази Баба.
Како граѓани немаме против оваа категорија на граѓани и нивните права и потреби но нема да дозволиме никој да го нарушува мирот на нас и нашите семејства. Со таа цел ве повикуваме на мирен граѓански протест. – стои во повикот за протест кој е објавен на социјалните мрежи.

За настанот, повеќе информации на следниот линк.