Скопје 02. октомври 2019. / 11:30

Утре предупредувачки протест против загадувањето во Гази Баба

Утре предупредувачки протест против загадувањето во Гази Баба

Иницијативата „Автокоманда сака да дише“ утре ќе организира предупредувачкиот протест против, како што велат, континуираното загадување на воздухот во Општина Гази Баба.

Протестот ќе се одржи утре, на 3 октомври (четврток) со почеток во 18 часот на плоштад “Коцка” (веднаш до Полициската станица). На протестот треба да се придружи и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски. Иницијативата “Автокоманда сака да дише” е формирана како резултат на перманентните жалби на граѓаните од загадениот воздух и од негрижата на надлежните институции за заштита на животната средина. Затоа, свесни за фаталната штетност на загадувањето и катастрофалните последици врз здравјето на граѓаните, иницијаторите и жителите на Општината се креваат на нозе барајќи нормални услови за живеење и итно преземање мерки за спречување на ова појава.