Поради тоа се создаде метеж во сообраќајот, автобусите на ЈСП доцнат и го заобиколуваат центарот…
И утрово е затворена улицата кај Собранието, поради собир на помала група граѓани кои протестираат против промена на името и договорот со Грција. Десетина луѓе поставија тенди и столици на улицата со што го блокираа сообраќајот. Тие неколку месеци со шатори протестираат против промена на името во тревникот спроти Собрание, поточно во Жена парк, а денеска како и вчера, повторно одлучија да ги наместат тендите среде улица.
Жителите на Скопје се револтирани од секојдневното блокирање на оваа фрекфентна улица. Групата што протестира во текот на изминатите денови го блокира сообраќајот и во утринските и во попладневните часови кога раздвиженоста во овој дел од градот е најголема.
Вчера пратениците во Собранието по втор пат гласаа за законот за ратификација на договорот со Грција. Законот беше изгласан со 69 гласа ЗА и еден воздржан, а немаше против. Додека траеше седницата, дваесетина луѓе протестираа пред Собранието. (Макфакс)