Скопје 14. февруари 2021. / 09:22

Стоилковски: Неколку дена го повикував Марин да го повлече јавниот повик за медиуми бидејќи создава етички конфликт

Стоилковски: Неколку дена го повикував Марин да го повлече јавниот повик за медиуми бидејќи создава етички конфликт

Во текот на вчерашниот ден здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изреагира на јавниот повик на Општина Аеродром за новинарски натпревар. За ова со сопствен став се јавија повеќе личности, а еден од нив беше и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски вели дека неколку дена го повикувал градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, да го повлече овој, како што вели, срамен обид за поткуп на медиуми, а сега со ист став се јавиле и ЗНМ.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот негов Фејсбук статус.

– Здружението на новинари на Македонија побара Златко Марин градоначалникот на Аеродром да го повлече распишаниот оглас за медиуми и новинари!
Неколку дена го повикував да го повлече овој срамен обид за поткуп на медиуми преку распишан конкурс за фалење на неговата изборна платформа на СДСМ “стратегија 21-25” за голф терени во Лисиче.
ЗНМ јасно укажува дека овој оглас:
-Создава етички конфликт
-Ја нарушува објективноста на медиумите
-Конкурсот е обид за влијание врз уредувачка политика,
-Ќе предизвика штета на медиумската сцена
-Со тоа страда јавниот интерес
-Му се посочува на Марин потреба од транспарентност во интерес на јавноста
Сега очекувам и Љупчо Николовски, министерот ЗА корупција, да побара одговорност од Марин.
Ниедна лага и манипулација не им минува повеќе, ни во Аеродром, а ниту во светот!, напиша Стоилковски на Фејсбук.

Здружението на новинари на Македонија побара Златко Марин градоначалникот на Аеродром да го повлече распишаниот оглас за…

Posted by Naum Stoilkovski on Saturday, February 13, 2021