Скопје 09. ноември 2020. / 22:57

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ: Загаденоста и вечерва над дозволеното, а Шилегов не презема ништо

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ: Загаденоста и вечерва над дозволеното, а Шилегов не презема ништо

Загаденоста и вечерва се движи од 2 – 3 пати над максимално дозволената граница. Нивото на канцерогени ПМ10 честички е над 100 микрограми на метар кубен, реагираат во фејсбук објава од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

– Цело Скопје дише загаден воздух над половина милион граѓани се трујат, а Петре Шилегов три години не одвои ниту еден денар за спречување на загадувањето, ниту пак за подобрување на квалитетот на воздухот, сооштуваат од советничката група.

Според нив, неспособноста во справување со загадувањето го нотира и ЕК, која во својот извештај пишува дека иако власта и централна и локална е во рацете на една партија, што би требало да значи подобро справување со проблемот на загадување, сепак не е направено ништо на тоа поле.

-ЕК јасно порача дека ниту Зоран Заев, ниту Петре Шилегов направиле нешто за подобар и почист воздух. Напротив Скопје се гуши, повеќе од кога и да било претходно. Откако е Шилегов градоначалник, ниту едно дрво не е засадено, ниту една нова зелена површина не е направено. Шилегов не направи, ама баш ништо од она што го ветуваше, затоа мора да си замине, и затоа граѓаните ќе го казнат, се вели во соопштението.

Загаденоста и вечерва се движи од 2 – 3 пати над максимално дозволената граница. Нивото на канцерогени ПМ10 честички е…

Posted by Советничка група на Вмро-Дпмне и Коалицијата на Град Скопје on Monday, November 9, 2020