Скопје 13. април 2020. / 22:09

Социјалните мрежи зовреа: Шилегов од корона нема да умреме, ама од ебола гарант

Социјалните мрежи зовреа: Шилегов од корона нема да умреме, ама од ебола гарант

Додека цело Скопје се справува со заразна пандемија, дополнителна главоболка на скопјани по викенд карантинот им создаде тоа што градот буквално потона во ѓубре.

Полните контејнери кои денеска беа споделувани на социјалните мрежи, освен што не доликуваат на „европска метропола“, претставуваат потенцијална еколошка бомба.

Додека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ветува дека ваквите слики нема да се повторат за велигденските празници, нагласувајќи дека проценката на Комунална хигиена за овој викенд, „најверојатно била погрешна“, бидејќи нему никој не му рекол дека во полициски час граѓаните нема да фрлаат ѓубре, социјалните мрежи не престануваат да зборуваат за денешната тажна слика за главниот град.