Скопје 26. јули 2019. / 22:32

Скопјани преку анкета ќе предлагаат нови имиња за улици, мостови и плоштади

Скопјани преку анкета ќе предлагаат нови имиња за улици, мостови и плоштади

Од утре преку анкета граѓаните ќе можат да предложат нови имиња за улиците, булеварите, мостовите и плоштадите, рече градоначалникот Петре Шилегов на одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, пренесе СДК.

Шилегов кажа дека Скопје по земјотресот е изграден благодарение на светската хуманост и солидарност, но за жал претходната власт многу од тие спомени избришала. Затоа тој ќе побара од граѓаните да предложат имиња за објекти и улици, со кои ќе се сеќаваме на денот кога Скопје повторно беше изграден.

– Лани на овој ден ги вративме буквите од Тито на старата железничка станица. Пред неколку месеци катните гаражи под надлежност на Градот добија ниви имиња ’26 јули‘ и ’Беко‘. Сега тоа ќе го направиме и на други објекти, улици и плоштади. – рече Шилегов.

56-годишнината од земјотресот вечерва се одбележува со концерти на Влатко Стефановски, Биља Крстиќ, Танос Ставридис и „Биг бенд“.