„Капитализмот не гуши“, „Ние умираме заради вашиот профит“ се дел од паролите на маршот за чист воздух кој се движи од Министерството за животна средина до Владата.
Целта на овој Марш како што велат е да се изрази револтот од еноромно загадениот воздух кои што се дишат граѓаните во земјава. Решавање на долгогодишниот проблем со Охис ова е едно од 250 барања на граѓаните и еколошкиоте здруженија кои излегоа на Маршот за чист воздух.
Организатори се граѓански активисти од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места.