Скопје

Скандал во скопско училиште: Родителите добиле опомена пред извршител – не ја плаќале лошата исхрана на децата

Скандал во скопско училиште: Родителите добиле опомена пред извршител – не ја плаќале лошата исхрана на децата

Родители чии ученици учат во скопското основно училиште „11 Октомври”, добиле опомена пред извршител за наплата на долг за ужина, објавува ДОСИЕ.

Родителите со месеци се борат поради лошата исхрана на нивните деца, а опомената била доставена од фирмата „Специјал”, која ја носи храната во училиштето.

Опомените прво биле доставени до директорката, па таа им ги дала на наставничките, за тие да им ги стават на децата во ранците со книги. Поради оваа постапка реагирале родителите кои сметаат дека опомените требало да ги добијат како што е предвидено со Закон дирекно на родителот на домашна адреса или пак да биле повикани од директорката која можела да им соопшти дека има проблем со наплата.

Родителите не плаќале за ужината поради тоа што храната била расипана, со поминат рок, а за тоа досега неколку пати реагирале, но надлежните не преземале ништо.

-Голготата од 9 месеци со „Специјал” во Основното училиште„11 Октомври” продолжува. Ги повикуваме градоначалникот Саша Богдановиќ да преземе мерки и прашуваме дали некој ќе се освести во оваа држава дека децата и нивното здравје вредат многу повеќе од парите на некој газда, пишуваат револтитраните родители по социјалните мражи и споделуваат фотографии од храната што ја добиваат нивните деца.

Децата во училиштето добивале скиснат спанаќ, ужинка со поминат рок, недоварени манџи, растително сирење, скиснат сутлијаш, а за тоа родителите требало да платат 1300 денари месечно.

Фирмата „Специјал” го добил тендерот со најниска понуда, иако имало и други фирми кои нуделе многу подобра храна за која патем се предвидени и одредени критериуми кои храната треба да ги задоволи за да може да ја примаат деца во раст и развој.

Родителите пријавиле во агенција за храна и со 120 поплаки во еден ден била алармирана инспекцијата која тргнала кон училиштето да ги провери наводите во жалбите, но на пола пат се вратила во канцеларија.

Еден од родителите на децата влегол во кујната на училиштето со вага и она што го видел и измерил било шокантно. Наместо јогурт со 3,2 проценти малесност на децата им се давал јогурт од 1 процент масленост. Наместо 100 грама риба, децата за ручек добивале 18 грама, наместо цел грозд грозје во тањирите им биле давани по три зрна грозје.