Скопје 22. јануари 2019. / 15:57

Шилегов призна: Направивме пропуст со паркингот на Клинички

Шилегов призна: Направивме пропуст со паркингот на Клинички

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов призна дека погрешил што го поскапел двојно и паркингот на Клинички центар.

-Ги увидовме пропустите и бргу реагираме. Не викам дека идеално ќе ги предвидиме сите работи, тоа е невозможно, но важно е дека брзо реагираме и ги поправаме. – рече Шилегов на денешната прес-конференција.

Инаку, вчера граѓани плаќаа по 70 денари час на Клинички.

Реагираа и на социјалните мрежи дека со неподвижни пациенти морале за 5 часа на Клинички да потрошат 350 денари.

Цели 350 денари или една просечна дневница потрошил скопјанец за четири часа паркинг во Скопје. Фотогографијата беше објавена на Ѕидот на сообраќајниот срам, а тој додаде дека „Наместо чист воздух добил празен новчаник“.