Градоначалникот изјави дека Град Скопје секоја година обезбедува бесплатни билети за учениците од средните училишта под негова ингеренција.
На седницата на Советот на Град Скопје на градоначалникот Петре Шилегов му беше поставено прашање во врска со превозот за учениците од приватните школи, односно дали и кога може тие да очекуваат бесплатни автобуски билети.
Градоначалникот изјави дека Град Скопје секоја година обезбедува бесплатни билети за учениците од средните училишта под негова ингеренција, а дека основачите на приватните училишта треба да се погрижат за транспортот на нивните ученици.
– Град Скопје обезбедува превоз само за учениците од средните училишта што се под негова надлежност – потенцираше Шилегов.
Сепак како што рече Шилегов, Градот Скопје ќе ги испита сите финансиски можности за да се утврди дали може нешто да се преземе на тој план.