Скопје 07. јули 2020. / 09:48

Шилегов оздраве од Ковид-19, денеска се враќа на работа

Шилегов оздраве од Ковид-19, денеска се враќа на работа

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов синоќа  на „Фејсбук“ објави  дека го победил коронавирусот, откако на 20 јуни објави дека се заразил и дека денеска  се враќа на работните обврски.

Почитувани, вечерва ги добив резултатите од вториот тест на ковид 19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен. И официјално, невидливиот противник е победен.

Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната поддршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена.

Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби. Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме !, напиша Шилегов.