Скопје 19. февруари 2021. / 12:17

Шилегов очекува поддршка од СДСМ за нов мандат

Шилегов очекува поддршка од СДСМ за нов мандат

Денеска актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека е подготвен за нов мандат. Тој рече дека очекува поддршка од СДСМ и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поразена.

– Конечната одлука за кандидати останува на органите на партијата, јас ке ја најавам мојата кандидатура во СДСМ. Очекувам поддршка од партијата, И тие, како и граѓаните знаат колку е направено за градот, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најавувајќи дека е подготвен за нов мандат.

Тој е уверен во победа на локалните избори и посочи дека и да има, и да нема цензуси на изборите, и да се прифати предлогот на опозицијата за тоа, ВМРО ДПМНЕ во секоја варијанта ќе ги изгуби изборите, и следните локални, и секои наредни.