Скопје 10. May 2019. / 14:47

Шилегов не се откажува од „зиплајнот“: Ќе распише нов тендер

Шилегов не се откажува од „зиплајнот“: Ќе распише нов тендер

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска изјави дека ќе биде распишан нов тендер за изградба на „зиплајн“ од тврдината Кале до Градскиот парк, откако претходниот бил поништен поради тоа што понудувачите не доставиле комплетна документација.

 На тендерот се пријавија понудувачи за изградба на „зиплајнот“, но пријавените немаа соодветна документација и заради тоа беше поништена постапката, рече Шилегов и додаде дека тој ќе биде поставен на Кале бидејќи, како што рече, е дел од целосниот концепт.

-Знаете дека за едниот дел од Кале има меѓународен конкурс како треба да изгледа, а за вториот во соработка со Сојуз на архитекти и архитектонските факултети е формирана комисија што треба да распише меѓународен конкурс за партерно и општо уредување на тврдината, рече градоначалникот Шилегов.

„Зиплајн“ или адреналинската жичница треба да биде во должина од 400 метри, ќе биде опремена со соодветна безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето.