Редакцијата на ,,Лидер” телефонски разговараше со портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху, кого го прашавме дали вилата на Петре Шилегов во Маврови Анови, во нејзиниот двор се реди со гранитна коцка, од депоата на град Скопје, која била извадена од плоштадот и улица Македонија.
Валон ни рече дека е на одмор и ни прати мобилен телфон од извесен Влатко и e-mail за контакт со медиуми. Но Влатко не одговори на нашите телефонски повици, а не ни врати ниту е-mail со одговори на нашите прашања. А не ни беше дозволено ниту да направиме слики во депото од град Скопје да провериме дали таму уште стојат коцките што биле извадени од плоштадот и улица Македонија.
,Лидер” направи екслузивни фотографии од луксузната вила на Петре Шилегов во Маврови Анови, каде се гледа дека во дворот на истата се реди гранитна коцка, која што според информациите кои дојдоа до нас, е коцка од депоата на град Скопје, а која била извадена од Плоштад и улица Македонија.
На Шилегов очигледно му недостасува старо Скопје, но наместо да го гради Скопје тој гради во Маврово, во дворот на неговата луксузна викендица.
Додека скопјани скоро година дена немаат видено ниту еден проект од Шилегов, а започнатите од претходнатаа власт сеуште каскаат, Шилегов интензивно гради на своите приватни парцели. Сега гледаме зошто таткото на градот нема време за Скопје и градските пробелеми.