Криењето на сопствената неспособност зад Обама, не е ништо друго освен потврда на тоталната неспособност да се справите со вистинските проблеми на граѓаните. Особено во Чаир. Не им зборувајте за Обама. Зборувајте им за неасфалтираните улици, немањето водовод и канализација. Субстандардните услови на живеење. Во 21 век. Во општина што ‘обамовски‘ ја водевте и ја водите. Евтини се приказните. Па макар и Обама да ги ‘раскажува’ …“ – напиша градоначланикот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.
Оваа објава на Шилегов доаѓа како реакција на тоа што скопското Кале беше осветлено со пораката од ДУИ „Зошто да не?“, која што се однесува нивната иницијатива за Албанец премиер.
Содржината на ваквиот ваквиот пост на Шилегов е и одговор на статусот на поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и претседател на чаирскиот огранок на ДУИ.
Ако Барак Обама може да стане претседател на државата, зошто Албанец може да стане Премиер во РМВ? Дали е ова општество за сите како што се тврди? Зошто да не , господине Шилегов?“, напиша Меџити на својот профил.
Од своја страна, Меџити не му остана должен на Шилегов и возврати на неговата објава, објаснувајќи дека анимацијата на Калето била дело на здрава младина која имала визија, како и дека ласерската анимација не го оштетила Калето.
Но, имам едно прашање. Што се случи со активностите кои го оштетија Калето и центарот на Скопје? Во опозиција бевте многу гласен против Скопје 2014. Брзо заборавивте. Имавте многу ветувања, а сега со пари на граѓаните плаќање агенција да ги обезбедува. ‘Евтини прикани‘ за Калето за мене е ветениот тунел под тврдината кој што ќе ги поврзува двете страни на Скопје, ветување без студија, само сон – напиша Меџити.
На крај, Меџити потсетува дека неговата работа граѓаните ја наградиле со три мандати и испрати порака до Шилегов.
Времето е пред нас и ќе видиме вие колку мандати ќе добиете – вели Меџити.