Скопје 22. октомври 2020. / 15:08

Шилегов: Град Скопје е подготвен да ја преземе надлежноста за целокупниот инспекциски надзор

Шилегов: Град Скопје е подготвен да ја преземе надлежноста за целокупниот инспекциски надзор

Градската самоуправа е подготвена да ги преземе надлежностите за целокупен инспекциски надзор на територија на Скопје, со цел да се решат проблемите кои што се провлекуваат во минатото, а за кои кај сегашната владеачка гарнитура постои политичка волја да им стави крај на слабостите, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Градоначалниците од другите општини се согласија дека недостасуваат инспектори, а во врска со нивната работа тврдеа дека се независни и работат по дојава од граѓаните.

Денешната дебата насловена „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ се одржа во организација на НВО Инфоцентар. Тие спровеле истражување кое покажало дека 40 проценти од граѓаните на прво место ги перципираат инспекторите како потенцијално најкоруптивни, а втори градоначалниците.

Голем проблем за општинските инспектори е што им одговараат на градоначалниците така што постои висок ризик од корупција, меѓу проблемите во оваа област е и малиот број инспектори.