Скопје 01. април 2020. / 15:16

Шилегов: Драги „душегрижници“, болницата е во совршено добра состојба!

Шилегов: Драги „душегрижници“, болницата е во совршено добра состојба!

Навистина не знам, дали и колку има човечност и зошто определени “ликови” во дел од политичките структури, упорно се обидуваат да профитираат со политикантсво во услови на вонредна состојба, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Драги “душегрижници”, болницата која што заеднички ја подигнаа Министерството за Одбрана, Министерството за Здравство и Град Скопје, како што гледате е во совршено добра состојба. Денес се зацврстија и последните два шатори (така помпезно опишани дека пропаднале), се прави приклучокот на електрична енергија и ќе биде пуштено и греењето, напиша Шилегов.