Скопје 28. март 2020. / 08:51

Се поставува монтажна болница во кругот на Инфективна клиника

Се поставува монтажна болница во кругот на Инфективна клиника

Се подигнува монтажна болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, објави министерот за здравство Венко Филипче на „Фејсбук“.

Со оваа болница клиниката се штити од преоптовареност, а како што вели се дава можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита на населението од коронавирус.

Тоја напиша дека деновиве се спроведе вистинска акција со големи човечки напори и одлична меѓуинституционална соработка и упати голема благодарност до сите што учествуваа во овој процес!

Со помош на Армијата и нејзината механизација, екипите на ЈП „Улици и патишта“ и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство во рекорден рок го подготвија теренот и овозможија пристап до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за брзо справување со коронавирусот, наведе министерот Филипче.