Носителот на криминалот, Никола Груевски, беше подготвен да потроши речиси 20 милиони евра пари на граѓаните, преку испумпување средства од јавни институции за да гради Панорамско тркало во Вардар, истакнуваат од СДСМ од каде нагласуваат дека новата власт ги рационализирала трошоците од овој, како што велат, штетен проект.
„Се донесе одлука наместо барокното панорамско тркало да се направи висечки пешачки мост кој ќе го ослободи течението на реката Вардар“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека на овој начин се отстранува заканата за загрозување на природниот ток на Вардар како и на еко-системот во реката.