Скопје 18. јануари 2020. / 11:50

Санкционирани 369 непрописно паркирани возила во Скопје

Санкционирани 369 непрописно паркирани возила во Скопје

Јавното претпријатие „Паркинзи на општината Центар“ и општината Центар, во соработка со сообраќајната полиција, во текот на изминатата седмица санкционираа 369 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од нив, 36 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

– Вкупно 213 непрописно паркирани возила се подигнати минатата недела од јавните површини на Град Скопје. Од нив, 36 се отстранети од зонските паркиралишта, а останатите 177 по налог на сообраќајната полиција, се вели во соопштението од Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги паркираат возилата исклучиво на означените паркиралишта, а корисниците на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата.