Скопје 05. ноември 2020. / 09:51

Санкционирани 173 возачи во Чаир и во Чучер Сандево

Санкционирани 173 возачи во Чаир и во Чучер Сандево

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на Чаир и Чучер Сандево изречени се вкупно 173 мерки.

Од нив 33 санкции се за возење без возачка дозвола, 22 нерегистрирани возила, 2 за возење под дејство на алкохол, 18 санкции за неносење на заштитна маска и 98 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информира МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.