Скопје 22. мај 2018. / 18:20

Продолжуваат скандалите низ основните училишта во Центар

Продолжуваат скандалите низ основните училишта во Центар

Бројни скандали се случуваат низ основните училишта во Општина Центар. Како на пример катастрофалните услови со храната во ОУ “11 Октомври“ каде бројни родители се жалеа на лошата исхрана и покрај тоа што редовно плаќаат партиципација за таа храна.

Но нешто уште позагрижувачко се случува во основното училиште “Димитар Миладинов“. Откако соученик претепал неколку деца и случајот се префрлил во јавното обивнителство. Од она што го дознаваме е дека е поднесена кривична пријава против ученик поради нанесување на тешка телесна повреда.

Нашите извори кажуваат дека е повредено девојче на наш поранешен амбасадор во Египет и Италија каде му се констатирани тешки телесни повреди на телото и на главата. Поради ваквиот тип на повреди родителот се решил да поднесе кривична пријава до Основното јавно обивнителство.

За ова невидено насилство во основното училиште “Димитар Миладинов“ пишувавме во повеќе наврати. Иако раководството знаело за ваквите испади на дел од учениците сепак тие ништо немаат превземено во врска со ова, и тоа е една од причината зошто работата е стигната до овој степен.

Тогаш родителите обвинуваа дека надлежните служби за образование во општината Центар, Јагода Јанковска, градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, и директорката Маја Ангеловска се детално запознаени со сите случаи во ова основно училиште, сепак тие не преземаат ништо за надминување на ситуацијата.

Во ова училиште во повеќе генерации постои бојкот на наставата на цели одделенија, како резултат на зголеменото насилство од страна на одредени ученици врз нивните врсници. Поради неиздржливоста на ситуацијата родителите почнаа да си ги отпишуваат своите деца поради зголеменото физичко и психичко насилство што го спроведуваат дел од учениците.