Скопје 25. септември 2020. / 08:00

Прекинато водоснабдување денеска на дел од корисниците во Тафталиџе

Прекинато водоснабдување денеска на дел од корисниците во Тафталиџе

Поради дефект во водоводната мрежа денеска  прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисници на ул. Варшавска, Хелсински, Ташкенска, Мексичка и Хаванска.

Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, дефектот е на ф80мм, на ул. Варшавска бр.8, а прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 08:30 часот.