Скопје 25. август 2018. / 21:56

Пред референдум општина Кисела Вода ќе потроши 300 илјади евра за нови вработувања

Пред референдум општина Кисела Вода ќе потроши 300 илјади евра за нови вработувања

Нема крај на масовните вработувања во државната и општинската администрација во ек на реферндумска кампања.

На страната на системот за Јавни набавки има објавено оглас  во кој под назив на договорениот орган стои Општина Кисела Вода и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои ангажирање на агенција за обезбедување на услуги за привремени вработувања. Договорот е со вредност од 18 милиони денари или околу 300 илјади евра.

Меѓународната заедница редовно ја критикува земјава за прекубројната администрација и за привремените вработувања кои овозможуваат влез во државната служба без конкурс. Oвие вработувања по неколку месеци, се трансформираат во договори на неопределено време.

Разликата меѓу редовното вработување и она што е со привремено вработување е што секој што сака да се вработи во државната администрација треба прво да се пријави на оглас за чие одобрување  согласност треба да даде министерот за финансии и да се поминат сите филтри како што е интервју за работа и исполнување на одредени критериуми и стандарди.

Но кај оние со привремени вработувања доволно е да се ангажира Агенција за привремени вработувања, која оди во ставка “услуги“ на која ќе и се се исплати одреден надоместок за нејзината улога и толку.

Упатените велат дека меѓу бројните проблеми со кои се соочуваат општините во Македонија се и партиските вработувања кои непотребно ги зголемуваат локалните администрации и натежнуваат врз општинските буџети.