По објавата на “Лидер”, дека директорот на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“, Сенад Смаиловиќ – Сенко, бил уапсен со две пакувања кокаин во Струга, Шилегов го разреши Смаиловиќ!
Лидер , објави дека при претресот кај него била пронајдена поголема количина на кокаин, а против него ќе се води постапка само како да е корисник.
На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, – стои во билтенот на МВР.
Смаиловиќ стана директор на Улица и патишта по доаѓањето на Петре Шилегов на градоначалничката функција.