Скопје 13. јуни 2020. / 14:00

Освен градоначалникот, уште една вработена во општина Гази Баба позитивна на Ковид-19

Освен градоначалникот, уште една вработена во општина Гази Баба позитивна на Ковид-19

Освен градоначалникот Борис Георгиевски, уште една вработена во општина Гази Баба е заразен со корона вирус.

Како што информираат од општината, во текот на вчерашниот ден било доставено известување од вработеното лице во општината чиј тест за Ковид-19 е позитивен. Вработената во општината е во стабилна состојба, без симптоми и целосно ги следи препораките на лекарите и епидемиолозите.

Од општината информираат дека градоначалникот Борис Георгиевски, поради хронична болка во пределот на бубрезите на 8. јуни, а по извршен медицински преглед и пропишана лекарска терапија, останал на домашно лекување и работните обврски ги извршувал од дома, како и преку онлајн платформите за комуникација. Во текот на вчерашниот ден, поради пројавени болки во пределот на градите, е упатен на дополнителни лекарски прегледи, по што по препорака на пулмолог е испратен на дополнителни испитувања во Клиничкиот центар во Скопје, каде му е направен и тест за Ковид-19 чии резултати се позитивни.

Градоначалникот Георгиевски во моментов е на Инфективната клиника во стабилна состојба, а неговото семејство е во домашна самоизолација, без никакви симптоми поврзани со корона вирусот.