Град Скопје ги известува граѓаните дека од 8. јуни (понеделник) ќе почне терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци.
Прскањето против комарци ќе трае до 12.јуни (петок), а ќе се извршува во период од 22 до три часот наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.