Скопје

Насилство во основно училиште во Скопје: Деца на високи функционери малтретираат соученици – раководството не презема ништо

Насилство во основно училиште во Скопје: Деца на високи функционери малтретираат соученици – раководството не презема ништо

Деца од скопското основно училиште „Димитар Миладинов” ги малтретираат своите соученици, а раководството на училиштето не презема ништо за да го спречи насислството, дознава Лидер.

Во ова училиште, во повеќе генерации постои бојкот на наставата на цели одделенија, како резултат на зголеменото насилство од страна на одредени ученици врз нивните врзници.

Дел од медиумите веќе пишуваа за бојкот на наставата и постоењето на класови во кои сите девојчиња се отпишани поради зголеменото физичко и психичко насилство, за кое не е преземено речиси ништо од страна на актуелната директорка Маја Ангеловска.

Иако надлежните служби за образование во општината Центар, Јагода Јанковска и самиот градоначалник Саша Богдановиќ, според извори на Лидер, се детално запознаени со сите случаи во ова основно училиште, сепак не преземаат ништо за надминување на ситуацијата, бидејќи дел од родителите на децата кои практикуваат насилство се блиски до највисоките актуелни владини функционери.

Според сегашната состојба доколку до крајот на учебната година не се подобрат работите веројатно ќе следи уште еден бран на отпишувања на деца од ова училиште кое во минатото важеше за најдоброто во Скопје.