На иницијатива на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во Град Скопје, Народниот правобранител отвори постапка против Комунална хигиена и Градот Скопје за директно загадување на животна средина и индиректно труење на граѓани.
За дивата депонија Вардариште, претходно советничката Светлана Колариќ во име на советничката група покрена иницијатива до Народниот правобранител за реакција и заштита на правата на граѓаните кои секојдневно се трујат преку непрописно исфрлање на смет и токсични материи од страна на градското претпријатие Комунална Хигиена.
– Народниот правобранител одлучи да покрене постапка против таквото дивеење на градските институции водени од Шилегов со кој се нарушува здравјето на граѓаните. Вардариште е дива депонија која се полни од страна на јавното комунално претпријатие и преставува еколошка бомба, велат од советничката група.
Оттаму потенцираат дека толерирањето и креирањето на депониите довело и до вчерашната еколошка бомба во Шуто Оризари и Визбегово и пожарот со кој се загрозија жителите на овие места, но и целиот град Скопје.
-Додека Шилегов диши чист планински воздух во Маврово, градот Скопје се гуши во депонии создадени и толерирани од градот. Нема друг главен град во Светот каде самиот град создава депонии како што е случајот со Вардариште. Очекуваме Народниот правобранител да ги заштита правата на граѓаните, додаваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје.