Скопје 06. март 2021. / 12:04

Модуларната болница до Инфективна клиника од денеска во функција

Модуларната болница до Инфективна клиника од денеска во функција

Поради зголемениот број на нови случаи во последните неколку дена, од денеска повторно во функција ќе биде ставена модуларната болница до Инфективната клиника во Скопје.

Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче на денешното обраќање на медиумите.

-Денеска треба да се стави во функција модуларната болница во Скопје, која се наоѓа до Инфективната клиника. Кадарот е подготвен, и веднаш се почнува со работа, рече Филипче.

Во последните неколку дена има зголемен број на новозаразени, а согласно извештајот од ИЈЗ, за дури 56% е зголемен бројот на новозаразени во периодот од 22 до 28 февруари, за разлика од претходната недела.