Скопје 26. јули 2020. / 13:36

Мицкоски: Да ја одбележиме победата на животот, солидарноста и нескршливата волја на скопјани градот да се изгради

Мицкоски: Да ја одбележиме победата на животот, солидарноста и нескршливата волја на скопјани градот да се изгради

По повод 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача дека на овој ден треба да си спомнеме на оние што ги загубија животите во катастрофата.

Истовремено, Мицкоски истакнува дека овој немил настан што го погоди Скопје треба да ни биде пример дека и од најголемите катастрофи може и треба д асе издигнеме и да продолжиме да живееме и да се развиваме.

57 години од катастрофалниот земјотрес. На овој ден да си спомнеме за оние кои ги загубија животите, но она што е поважно, да ја одбележиме победата на животот, солидарноста и нескршливата волја на скопјани градот во кој живееме да се изгради, да никне од рушевините и да продолжи да се развива. Градот убав пак ќе никне. Можеби има поубави метрополи, но ова наше Скопје е најубавото! – порача Мицкоски.