Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, објави видео од градежна механизација како го уништува зеленилото во општина Бутел и го поставува прашањето дали ваквата постапка е дел од планот на сегашниот градски татко, Петре Шилегов, да го кандидира Скопје за зелена престолнина на Европа. .
Како што пишува Трајановски, оваа акција против зеленилот се случувало на 30 декември, на еден ден пред новата година, во време кога вниманието на јавноста е насочено кон подготовките за дочекот на Новата година.
– Петре Шилегов вака ли ќе го правите Скопје зелена престолнина на Европа??? На 30 декември додека сите слават, брутално се уништува зеленилото на Бул. Босна и Херцеговина каде што беа бараките на старата општина Бутел – прашува Трајановски.