Скопје 30. јули 2020. / 21:17

Коце Трајановски: Петре, ти оставив готов проект, зошто ја рушиш Универзална сала?

Коце Трајановски: Петре, ти оставив готов проект, зошто ја рушиш Универзална сала?

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, го праша сегашниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов зошто ја руши Универзална сала.

Како што вели Трајановски, оставил готов проект за реновирање на салата, а бил и кај тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски на кого му го однел проектот и го замолил да почне градбата, но проектот не продолжи.

Се прашував зошто луѓево не ја градат Универзална?

За јавноста да се запознае подобро, ќе и ги посочам следниве факти:

Универзална сала се наоѓа во градската четврт 3 11, а во истата четврт е и поранешата фабрика „Треска“. Пред извесно време јавноста ја брануваше деталниот урбанистички план за „Треска“, во кој се предвидуваат 50 згради. За да се оствари процентот на зеленило во оваа градска четврт, можеби се жртвува Универзална сала, на чие место треба да има парк, а со тоа на просторот на „Треска“ се добива поголем кофициент на изграденост.

Почитувани Скопјани, ако е така, се прашувам ова ли е тоа „Скопје – чекор по чекор“? – реагира Трајановски.