Скопје 14. јануари 2021. / 09:07

Казнети над 200 возачи во изминатото деноноќие

Казнети над 200 возачи во изминатото деноноќие

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 221 мерка, од кои 58 за управување со брзина поголема од дозволената, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 санкции за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и 4 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.