Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска доби благодарница од Црвениот Крст на град Скопје за придонес во процесот на промоција и унапредување на крводарителството на територија на град Скопје.
Од Црвен Крст порачаа и другите општини да го следат примерот на Гази Баба која покажала високо ниво на општествена одговорност и солидарност и да се вклучат со поддршка на хуманитарните и социјални програми на Црвениот крст.
Општина Гази Баба, во последните крводарителски акции, собра 4439 крвни единици, а предвидени беа 2835, со што планот е надминат за 56%.