Скопје 16. август 2019. / 18:00

Град Скопје: Засилен надзор врз спомениците за да нема оштетувања

Град Скопје: Засилен надзор врз спомениците за да нема оштетувања

Град Скопје во рамките на своите надлежности во наредниот период ќе го засили надзорот врз спомениците, а тие ќе бидат и под засилени инспекциски контроли, информираат за МИА од Град Скопје.

Градските власти најавија дека ќе ги санираат оштетените делови на спомениците.

Новата ознака што беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори на скопскиот плоштад „Карпошово востание” ноќеска е извадена и украдена, а на споменикот на Олимпија е оштетена.

Оштетена е, но и натаму стои залепена, ознаката на споменикот на Александар Македонски на централниот плоштад во Скопје.

На ознаките, во согласност со Преспанскиот договор, на македонски, албански и на англиски јазик пишува дека овие споменици припаѓаат на античката хеленска историја и на светското културно наследство.