Скопје 19. декември 2019. / 17:35

Град Скопје демантира дека добиле барање за поставување семафори во Чаир, каде што беа прегазени девојчињата

Град Скопје демантира дека добиле барање за поставување семафори во Чаир, каде што беа прегазени девојчињата

Град Скопје ги демантира наводите на жителите од Чаир, од каде за Канал 5 изјавиле дека на местото каде што беа повредени девојчињата барале од градоначалникот да постави семафори.

-Град Скопје нема добиено никакво барање за поставување на семафори или зголемена безбедност на локацијата во Чаир каде денеска се случи сообраќајната несреќа во која беа повредени три девојчиња. Градот редовно излегува во пресрет на сите барања на граѓаните за зголемени мерки на безбедност на улиците и булеварите во Скопје и во конкретниот случај не постои никакво претходно барање за оваа конкретна локација – се наведува во реакцијата на Град Скопје.