Скопје 04. јуни 2019. / 21:39

Гази Баба на протест против отворањето на Центарот за зависници

Гази Баба на протест против отворањето на Центарот за зависници

Граѓаните на Гази Баба организираат уште еден протест против отворањето на Центарот за зависници.

-Почитувани сограѓани,
Се собравме еднаш но на нив тоа не им значи ништо. Доставивме петиција но не ни одговорија.
Време е повторно да се собереме во што поголем број и заедно да кажеме СТОП!
Ве повикуваме да ни се приклучите на новиот протест што ќе се оддржи утре 05.06.2019 година (среда) со почеток во 16:30 часот. Ова е напишано на Фејсбук на страната Наша Гази Баба.