Скопје 19. февруари 2021. / 15:19

(ФОТО) Угостителите излегоа на протест: Имаме забрана за дејноста, а истовремено и премала помош

(ФОТО) Угостителите излегоа на протест: Имаме забрана за дејноста, а истовремено и премала помош

Сообраќајот во Скопје денеска беше блокиран потради протестот на угостители – сопственици на ресторани за организирани настани и ноќните клубови, но и музичари и сопственици на фото-студија, студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкери и модни дизајнери, кои се незадоволни од мерките предвидени во петтиот владин пакет на анти-кризни мерки за кој имаат многу забелешки.

-Немаме ограничување во дејноста, туку имаме забрана за нашата примарна дејност за која сме ги отвориле објектите и доколку работиме треба кривично да одговараме. Веќе пет месеци исплаќаме плати за вработените од сопствени средства, додека државата помогна 6 месеци, изјави на протестот во населбата Автокоманда, Перица Голомеиќ, сопственик на ресторанот „Рагуза360“.

Тој истакна дека бараат да работат под најригорозни протоколи, и дека треба итно да се укине членот 14 од Уредбата излезена од 23јуни минатата година со „се забранува организирање на секаков вид настани (свадби, крштевки, родендени), во отворен и затворен дел од објектот”.

-Ние сме категоризирани објекти за организирани настани, располагаме со големи капацитети и имаме можност да спроведеме организиран настан на кој што би се запазиле сите веќе усвоени протоколи, изјави Голомеиќ, нагласувајќи дека помошта што ја добиват не е доволна и дека не бараат да се дозволи организирање традиционална македонска свадба, туку да работат како а ла карт рестораните.

Тој нагласи дека во сспредба со земјите од регионот, ние сме единствена земја која не доби протокол за организирани настани цела година, а поддршката субвенционирање на плати и придонеси, како и еднократниот грант е убедливо најниска директна помош во нашиот сектор во регионот.

-Бараме Владата за нас рестораните за организирани настани и ноќните клубови да направи посебен пакет на мерки и да не гледа како субјекти кои точно една година се 100 отсто погодени од ковид пандемијата, рече Голомеиќ.