Скопје 06. March 2019. / 18:44

(ФОТО) Се исуши градското дрво на Петре Шилегов

(ФОТО) Се исуши градското дрво на Петре Шилегов

Се исуши билбордот наречен „Градско дрво“, кој беше поставен во Скопје и наменет да го прочистува загадениот воздух, спроти хотел „Мериот“.

Билбордот „Градско дрво“ заменуваше 275 вистински дрва, висок е 4 метри и широк 3 метри и претставуваше комбинација од специфични култури на мовови со васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина (ПМ).

Инсталацијата во Скопје чинеше 25.000 евра, а проектот го спроведе Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко – свест“ од Скопје, во соработка со Германска Амбасада и Град Скопје.