Наумовски зградо градоначалник! Сакаме паркови, а не згради, бандо криминална. Стоп за урбаната мафија, Ѓорче не го даваме, гласеа денеска транспарентите на жителите на општина Ѓорче Петров.
Тие излегоа на протест и ја блокираа улицата се со цел да го искажат својот револт бидејќи како што велат општината и градоначалникот Александар Наумовски две недели остануваат глуви на нивните барања за ревидирање на Деталниот урбанистички план С3 24 за Јурија, со цел да се намали планираниот габарит и висината на зградите вцртани со маркиците на ДУП-от.
Жителите реагираат дека со планот кој предвидува да се изградат згради високи по 58 метри и со 17 ката, ќе се наруши нормалното живеење во населбата Јурија, бидејќи ќе се запре струењето на воздухот, ќе се зголеми аерозагадувањето, а воедно ќе се создаде проблем и со возилата.
Тие велат декат планот бил донесен без почитување процедури, без спроведување јавна презентација и јавна анкета. Како што велат дел од жителите, секојдневно ќе ги блокираат улиците, доколку не се исполнат нивните барања.
Во прилог погледнете ги фотографиите: