Скопје 13. февруари 2020. / 13:17

(ФОТО) Екипи на Шилегов сечат дрвја во Ѓорче Петров

(ФОТО) Екипи на Шилегов сечат дрвја во Ѓорче Петров

Екипите на градската администарција денеска сечеа нова тура на дрвја во главниот град, овојпат на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров, која е под надлежност на Град Скопје.

Неодамна беше изработена проектно-техничка документација за атмосферската канализација по дел од улицата, а од Градот потенцираа дека трасата на атмосферската канализација е усогласена со решенијата за хидротехничка инфраструктура во ДУП за овој локалитет. Сечењето на дрвја не беше најавено.

Инаку, „Борис Сарафов“ е истата улица за која Шилегов го обвини Коце Трајановски дека ја крстил по убиецот на Ѓорче Петров.