Скопје 11. ноември 2020. / 23:37

(ФОТО) Аеродромци се гушат – високо количество на смог и ПМ10 во Ново Лисиче

(ФОТО) Аеродромци се гушат – високо количество на смог и ПМ10 во Ново Лисиче

До редакцијата на Лидер пристигнаа фотографии од жители на скопската населба Ново Лисиче. Како што тие тврдат, никој не се осмелува да излезе од својот дом, најмногу поради страв од високите количества на смог и ПМ10 честички во воздухот.

Високо ниво на загаденост се забележува во сите градови низ Македонија, а многумина сметаат дека ова е само почеток на она што не очекува во текот на зимата и грејната сезона.

Онлајн апликацијата МојВоздух на мерната станица во Ново Лисиче измери 312 µg/m3 ПМ10 честички.