Скопје 27. септември 2018. / 22:18

Две жени нападнати од кучиња скитници во Скопје

Две жени нападнати од кучиња скитници во Скопје

Вчера во 16.20 часот во Полициската станица Центар, Е.К.(27) од Велес пријавила дека истиот ден околу 08.30 часот на улица „Никола Карев“ била касната од куче скитник во пределот на левата натколеница.

Истиот ден во 18.00 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Д.(37) од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 07.45 часот на булевар „АСНОМ“ била касната од куче скитник во пределот на двете нозе.