Скопје 01. септември 2020. / 15:52

Дрисла за советодавни услуги за менаџментот ќе потроши 20.000 евра

Дрисла за советодавни услуги за менаџментот ќе потроши 20.000 евра

Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад ДРИСЛА Скопје преку Бирото за Јавни Набавки распиша оглас за услуги од авторска агенција.

Како што е наведено во огласот се бараат услуги од авторска агенција за исплаќање советодавни услуги за менаџментот.

Според огласот сумата која планира да ја потроши Дрисла на хонорари за советници изнесува еден милион денари без ДДВ, а со ДДВ сумата ќе достигне речиси 1 милион и 200 илјади денари, односно 20 илјади евра.