Скопје

Дивите депони и понатаму го загадуваат Скопје

Дивите депони и понатаму го загадуваат Скопје

Во Општина Гази Баба, исто како и во другите скопски општини, со години има пространи диви депонии, затрупани со шут и ѓубре на кои анонимни луѓе горат најразличен нелегален и опасен отпад и кои придонесуваат за загадување на воздухот во Скопје.

Особено е важно да се нагласи дека има околу 1000 „општински“ депонии, а оваа е една од нив.

Со години граѓаните од околината тука ги фрлаат своите стари алишта, шутот, стариот мебел и расипани апарати за домаќинство.

На комуналните депонии (или диви депонии) во руралните области, отпадот едноставно се фрла од страна на комуналните претпријатија без никакви оперативни трошоци, со исклучок на некои општи трошоци (што им се плаќаат на чуварите,доколку ги има) и повремени трошоци за потрошувачка на вода за гаснење на пожари што спонтано се јавуваат на депониите.

Состојбата со дивите депонии и сметилишта, кои се големи загадувачи, е актуелна во секоја општина во Македонија, а проблемот трае со децении. Градоначалниците досега требаше да го надминат со отворање регионални депонии за преработка на отпад, но досега нема ниту една.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги разгледува сите можности за подобро управување на отпадот на регионално ниво. На нивната веб – страна е објавен План за затворање на нестандарните депонии во Република Македонија, но никаде не е прецизирано како ќе се реши овој проблем.